Сеул/Скопје – 21. Март, 2018 – Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) и Дизни (Disney) ќе ги оживеат омилените Дизни ликови во форма на пиктографи за изменета реалност – “АР емоџи“ (AR emojis) за уредите Галакси С9 (Galaxy S9) и Галакси С9+ (Galaxy S9+). Корисниците на овие телефони ќе можат директно да им пристапат на славните Дизни ликови – Мики Маус и Мини Маус, за да креираат персонализирани пораки, а сето тоа преку “АР емоџи“ функцијата на камерата на нивниот телефон. Покрај Мики Маус и Мини Маус, ликовите од омилените Дизни цртани, како што се Неверојатните (The Incredibles), Зоотопија (Zootopija) и Ледената кралица (Frozen), ќе бидат постепено додадени во текот на годината.

Со поставувањето на нашите ликови и приказни за новата дигитална платформа, создаваме секојдневно доживување на Дизни светот, на било кое место каде што се наоѓа нашата публика. Ова ни овозможува да привлечеме нови генерации на обожаватели. Дизни “АР емоџи“ – пиктографите за изменета реалност нудат иновативен пристап до содржините за Самсунг Галакси С9 и С9+ и еден забавен начин да внесете малку магија во испраќањето на пораки.“ – изјави Џон Лав (John Love), Потпретседател на Секторот за Aпликации во Потрошувачката и Интерактивна Медиумска Компанијата на Дизни.

Во светот секојдневно се испраќаат повеќе од шест милијарди пиктографи за изменета реалност. Со развојот на “АР емоџи“ сакаме да обезбедиме, забавен и возбудлив начин на комуникација и нов начин на оживување на анимираните слики. Знаевме дека Дизни, како креатор на некои од омилените ликови низ историјата, е најдобар партнер за овој наш подфат. Поради тоа, сакавме нашите “АР емоџи“ да станат најсреќните лица на овој свет и да им овозможиме на нашите корисници пристап до најпопуларните ликови кои сега можат да ги споделуваат преку различни платформи.“ – изјави Јунгхи Ли (Younghee Lee), Маркетинг Директор и Извршен Потпретседател, Самсунг Електроникс.

Пиктографите за изменета реалност – “АР емоџи“, во рамки на Самсунг Галакси С9 и С9+, им овозможуваат на корисниците да креираат забавни пораки кои можат во потполност да ги прилагодат по своја желба и да им ги испратат на пријателите. “AР eмоџите“ користат технологија на длабоко учење и препознавање на ликовите, преку која се мапираат повеќе од 100 фацијални црти за секој лик. На овој начин, се креира тродимензионална реплика, овозможувајќи им на корисниците да создаваат забавни, уникатни пораки испратени до своите пријатели. Пиктографите за изменета реалност нудат осумнаесет фабрички поставени “налепници“ (“stikers“) во стандарден “AGIF“ формат, кој може да се споделува со секого, без оглед на тоа каков паметен телефон  има примачот на пораката. Кога корисниците ќе најдат “АР емоџи“ кој навистина им се допаѓа, можат да го постават постојано да се прикажува на нивниот “постојано вклучен“ (Аlways On) екран, и на овој начин секогаш да уживаат во него кога ќе погледнат во својот телефонот.

Претходна статијаЃорги Селков: Ja предизвикавме природата на двобој, сега е време да реагираме веднаш
Следна статијаШто е случајот со Facebook и Cambridge Analytica – Дали нашата приватност на Facebook е загрозена повеќе од што мислевме