Скопје, 8 ноември 2023 г. – Samsung Electronics го отвори Samsung АI Форумот, каде ги претстави своите најнови научни достигнувања во вештачката интелигенција (АI) и компјутерското инженерство (СЕ), кои придонесуваат за подобрување на новата генерација на технологија на полупроводници на компанијата.

Со повеќе од 1.000 присутни – вклучително водечки академици, експерти од индустријата, истражувачи и студенти – првиот ден од седмиот Samsung АI форум се одржа во конгресниот центар Сувон во Ѓеонгги-до, Јужна Кореја на тема „АI од големи размери за подобро утре“, на која домаќин беше Институтот за напредна технологија (SAIT) на Samsung, додека домаќин на вториот ден, на 8 ноември, беше Истражувачкиот центар на Samsung во кампот за истражување и развој на Samsung во Сеул, Јужна Кореја.

„Генеративната АI технологија неодамна доби големо внимание бидејќи нѝ дава потенцијал да креираме нови решенија и да се справиме со предизвиците кои постојат веќе подолго време. Но, во исто време, потребата за детално истражување на безбедноста, доверливоста и одржливоста на АI расте“, рече Каи Хјанг-Канг, претседател и генерален менаџер на одделот за решенија за уреди во Samsung Electronics, во главното обраќање, додавајќи дека „Се очекува овој форум, кој ги собра врвните светски експерти, да послужи како платформа за да се разговара за начините за создавање посветла иднина преку АI и технологијата на полупроводници.

Предлог за безбедна насока за AI истражувањa; претставена е иднината на полупроводниците базирани на LLM

На првиот ден од Samsung АI Форумот 2023 беа разгледани две клучни теми: LLM и трансформација на АI за индустријата и информатика од големи размери за LLM и симулации.

Доделени признанија на истакнати истражувачи и студенти

За време на форумот, Samsung организираше церемонија за доделување на Samsung наградата за АI истражувач и објавување на победниците на предизвикот Samsung АI/СЕ. Целта на овие награди е да им се оддаде почит на талентирани истражувачи, студенти и дипломци кои се истакнуваат во земјата.

Пет АI истражувачи ги освоија наградите за AI истражувач на годината на Samsung: професор Конор Коли од Технолошкиот институт во Масачусетс, професор Џејсон Ли од Универзитетот Принстон, професор Ема Пирсон од Универзитетот Корнел, професор Шиенг Рен од Универзитетот во Јужна Калифорнија и професор Вирџинија Смит од Универзитетот Карнеги Мелон.

Професорот Ли, еден од добитниците на наградата, се занимава со теоретски и применети истражувања вклучувајќи длабоко учење, поддржано учење и оптимизација. Неговата работа е високо ценета поради неговиот придонес во развојот на АI истражувањата ширум светот со објавување на неколку извонредни трудови за оптимизација.

Од 1481 ученици собрани во 410 тимови, 16 тимови беа прогласени за победници на предизвикот Samsung АI/СЕ.

„За време на имплементацијата на нашиот АI проект, можевме длабински да ги истражиме можните проблеми. Предизвикот АI/СЕ беше добра можност да ги прошириме нашите перспективи за истражување“, рече докторандот Кеондо Парк од Факултетот за наука за податоци на Државниот универзитет во Сеул, член на тимот што ја освои главната награда.

Покрај тоа, SAIT презентираше водечки истражувачки трудови и проекти од областа на АI и СЕ. Тој, исто така, подготви програми за вмрежување на учесниците во клучните екосистеми на АI и СЕ.

Резиме на вториот ден на Samsung VI Форумот 2023:

За време на првата утринска сесија, д-р Хјанг Вон Чанг од компанијата за истражување и примена на АI, OpenAI, ја објасни работата на големите јазични модели (LLM) за време на неговиот говор насловен „Големите јазични модели (во 2023 година),“ предизвиците со кои се соочуваат во секоја фаза и идниот развојен пат.

Во попладневните часови, дипломците од престижните домашни универзитети, кои се занимаваат со АI истражувања, ги презентираа своите трудови објавени во водечките меѓународни списанија посветени на АI, како и насоката на нивното идно истражување.

Тим предводен од професорот на Државниот универзитет во Сеул, Сунгван Хувенг, претстави ефикасно генерирање на код и технологија за пребарување користејќи генеративна АI, додека тимот на професорот Гунхе Ким демонстрираше технологија за просторно размислување користејќи мултимодални пристапи

Во последната сесија, учесниците се занимаваа со Samsung Gauss и АI технологии на уреди кои го користат овој модел. Моделот Samsung Gauss се состои од Samsung Gauss јазик, Samsung Gauss код и Samsung Gauss слики, а името го добил по Карл Фридрих Гаус, легендарниот математичар кој ја дефинирал теоријата на нормален распоред, основата на машинското учење и АI. Покрај тоа, името ја рефлектира крајната визија на Samsung, т.е., овие модели да ги употребат сите феномени и знаења во светот со цел да се примени моќта на АI за подобрување на животот на корисниците ширум светот.

Samsung Gauss јазикот, генеративен јазичен модел, ја подобрува работната ефикасност преку олеснување на задачите, како што се: составување е-пошта, сумирање документи и преведување содржини. Исто така, тој може да го подобри корисничкото искуство со овозможување попаметна контрола на уредот интегрирана во производите.

Покрај развојот на АI технологии, Samsung спроведува и различни активности кои гарантираат безбедно користење на АI. Преку посветен тим кој ги следи нападите против АI системите, оваа компанија продолжува да ја зајакнува својата способност за проактивно отстранување и следење на проблемите со безбедноста и приватноста, кои може да се појават во текот на процесот – од собирање податоци до развој на АI модели, понуди на услуги и резултати генерирани од примената на АI – имајќи ги предвид принципите на АI етиката.

Официјалниот видео запис на Samsung VI Форумот 2023 ќе биде достапен на YouTube каналот на Samsung Electronics (https://www.youtube.com/@Samsung) од 16 ноември.

Претходна статијаГолем број на корисници почнаа да ги бришат додатоците за блокирање на реклами по воведувањето на мерките од страна на YouTube
Следна статијаШпаркасе Банка ги известува студентите дека денес е забележан phishing напад, претставен како линк креиран од Шпаркасе Банка