Во новонастанатите услови кои се резултат на пандемијата повеќето организации се преструктурирани за извршување на работните обврски и задачи од домот на нивните вработени. Следствено на тоа, се појавуваат и дополнителни ризици за изложување на доверливи податоци. Затоа е потребно да се работи на континуирано проширување на знаењето за онлајн работење и начините за заштита на сите податоци кои ги разменуваме за време на нашите работни обврски.  

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT со поддршка на DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance, организира низа од бесплатни вебинари, кои имаат за цел да информираат за потенцијалните ризици и да ја зголемат сајбер-безбедноста.

Вебинарите ќе опфаќаат теми како „Безбедна комуникација по е-пошта“, „Безбедносни ризици за работа од дома“, „Фишинг напади и заштита“, „Добра пракса за сајбер-безбедност“, поканувајќи докажани експерти од областа, кои ќе го споделат своето знаење од областа на сајбер-безбедноста.

Сите заинтересирани за учество на вебинарите можат да се регистрираат на страницата на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Вебинарите ќе се одвиваат во периодот по 01.12.2020, а детална агенда може да видите подолу:

Вебинар 1: Безбедна комуникација по е-пошта

  • Генерално за безбедност на комуникација преку е-пошта
  • Како да овозможите DMARC, SPF и DKIM
  • Вообичаени грешки во конфигурацијата
  • Како најдобро да ги конфигурирате DMARC и другите механизми за одбрана во борба против фишинг

Вебинар 2: Безбедносни ризици за работа од дома

  • Влијание врз организациите/деловните субјекти
  • Преглед на безбедносните контроли за да се овозможи пристап до корпоративните ресурси од оддалечени локации со употреба на корпоративни средства и од дома со употреба на приватни уреди

Вебинар 3: Фишинг напади и заштита

  • Еволуција на фишинг нападите и насочување кон деловниот сектор
  • Знаци и препознавање на напади на фишинг
  • Безбедносни контроли и најдобри практики за заштита
  • Алатки за пријавување на сомнителна е-пошта

Вебинар 4: Добра пракса за сајбер-безбедност

  • Сајбер хигиена
  • Споделување лични и чувствителни податоци
  • Претставување на интерактивни тренинзи

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT ги поканува сите заинтересини за гореневедените теми, поврзани со сајбер-безбедноста и нејзиното управување, да ја посетуваат страницата https://mkd-cirt.mk за повеќе информации.

Претходна статијаНовогодишно изненадување од А1 Македонија
Следна статијаСо поголемата надградба идната есен, Windows 10 може да добие поддршка за Android апликации