Фото: Shutterstock.com

По блокирањето на Facebook, Русија го блокира и пристапот до Instagram поради дозволувањето на обично забранета содржина од страна на Meta, односно повикување на насилство кон руските војници и власти.

Поради оваа одлука на Meta, која подоцна сепак беше ограничена, но остана да важи, московски суд пресуди против компанијата и ја означи како виновна за екстремистички активности. Со ова веќе и не може да функционираат друштвените мрежи од компанијата, а исто така оваа компанија не може да функционира во Русија.

Доколку Meta се врати на почитувањето на правилата на Русија, ќе можат повторно да функционираат во земјата.

Интересно, оваа одлука не се однесува на една апликација од Meta, а тоа е WhatsApp апликацијата за комуникација. Оваа апликација останува да функционира во Русија, а тоа во главно се должи и на огромниот број на корисници кои ги има во земјата.

Според информациите, поради можното блокирање на WhatsApp, голем дел од корисниците преминуваат на Telegram, апликација која веќе ја помина WhatsApp по бројот на корисници во земјата.  

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаTesla ја отвори својата гигафабрика во Германија и ги испорача првите 30 возила
Следна статијаДенеска се одржа ITALIAN DESIGN DAY 2022: „Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.