Луѓе кои се запознаени со работите, истакнуваат од Reuters, изјавиле за овој медиум дека Huawei планира да го продаде својот под-бренд Honor на конзорциум од повеќе инвеститори предводени од Digital China и властите во градот Шенжен.

Според информациите, продажбата на Honor треба да биде направена со целосна трансакција во кеш, а сумата изнесува нешто повеќе од 15 милијарди долари. Продажбата треба да ги вклучи сите средства на компанијата, истакнуваат од Reuters, а тоа ги вклучува покрај самиот бренд и секторот за истражување и развој, вработените, како и целиот ланец на снабдување.

Ова значи дека од Huawei планираат целосно да се ослободат од овој бренд кој е познат како бренд кој Huawei го издвои посебно за претставување на поевтини уреди од пониската класа.

Huawei ќе продолжи своето целосно внимание да го насочува кон уредите од највисоката и средната класа со нивниот бренд.

Се верува дека оваа одлука се донесува под влијание на проблемите и случувањата со блокадите кои ги има Huawei од страна на американските власти. Тие повеќе од година дена не можат да соработуваат со Google, клучен партнер во бизнисот со смартфони, а од оваа година прекината им е и соработката со TMSC производителот на чипови.

Од една страна продажбата треба да ја подобри работата на Huawei, а од друга страна можно е Honor да биде тргнат од листата на американските власти по тргањето од сопственоста на Huawei.

Се верува дека нема да дојде до позначителни промени во политиката на САД спрема Кина, барем на за брзо време, доколку победата на претседателските избори од страна на Џо Бајден остане и се официјализира, односно доколку не поминат тужбите и истрагите кои ги најави и започна претседателот Трамп.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаGoogle Photos нема да има неограничен простор за слики од идното лето
Следна статијаИнформ ДОО и Општина Ѓорче Петров потпишаа меморандум за соработка и употреба на уредот PURECLOUD
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.