Qualcomm
Media courtesy: Qualcomm/The Verge

Компанијата Qualcomm претстави нов WiFi чип, наменет за новата генерација на безжични мрежи. Чипот се очекува да се најде во мобилните уреди и таблети од новата генерација. Една од најзабележителните унапредувања кај овој чип е што поддржува WPA3 безбедносен протокол.

Технологијата која се наоѓа во овој чип се предвидува дека масовно ќе почне да се распространува наредната година. Она што е именувано како 802.11ax се очекува да донесе побрз трансфер на податоци за помалку искористена енергија. Уредот наречен Atheros WCN3998, меѓу другото и понатаму ќе поддржува постари верзии на WiFi. Тоа ќе значи дека уредите опремени со новиот чип и понатаму ќе можат да се служат со мрежи кои не ги исполнуваат последните стандарди. Меѓутоа, уредот е дизајниран да биде компатибилен со новите технологии и стандарди. Па, највисоки перформанси ќе оствари доколку биде поврзан со други продукти од компанијата Qualcomm или рутери кои поддржуваат 11ac Wave 2 стандард.

Новата технологија е сконцентрирана кон изнаоѓање начин ефективно и соодветно да услужи повеќе корисници од еднаш. Методот на функционирање е особено посветен повеќе корисници одеднаш да добијат еднакво квалитетен сигнал и побрз трансфер на податоци.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Qualcomm
Претходна статијаФејсбук спонзорира студија за нееднаквоста на американските граѓани
Следна статијаЛудилото околу „Црниот Пантер“