Батериите за домовите се сметаат како прилично добар начин за заштеда на енергија, односно за подобро искористување на соларната, бидејќи таа во тој случај ќе може да се користи и преку ноќ, откако ќе се складира преку ден. Затоа, ваквиот бизнис има голем потенцијал во иднината и веќе неколку компании размислуваат за вложување во развој и производство на вакви батерии.

Една од нив е Northvolt, компанија која е создадена од поранешни директори во Tesla. Како што веќе знаеме, Tesla е еден од пионерите во производство и развој на вакви батерии, па излегувањето на вработени од таа компанија и креирање на други компании кои ќе се занимаваат со истата работа само ќе зачести. Northvolt е „чедо“ на Питер Карлсон и Паоло Черути, кои не само што успеаја да оформат стартап компанија, туку успеаја и да соберат средства за изградба на голема „Гигафабрика“, со слична големина на онаа на Tesla.

Оваа фабрика ќе може да произведува неколку гигават часови енергија секоја година, што е импресивна бројка. Целосната инвестиција ќе изнесува 4 милијарди долари, а Northvolt веќе почна да ги собира првите средства, во прва рунда на вложување која треба да донесе околу 118 милиони долари. Ова е прилично добар старт за еден стартап, особено за таков кој има цел за изградба на голема фабрика. Да, тие можеби ја имаат украдено „идејата“ на Tesla, но конкуренција на пазарот е секогаш добредојдена. Фабриката на Northvolt ќе биде сместена во Шведска.

Извор: Alphr, Bloomberg, Inverse

Претходна статијаSamsung претстави мега брз екстерен SSD диск на кој може да едитирате 4K RAW видео
Следна статијаGoogle Pixel 2 ќе има стислива рамка како HTC U11?