_DSC4929-f

Успешно е завршен првиот циклус менторства во Бизнис симулаторот кој е проект на Едукативниот и развоен центар на Seavus во соработка со програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) на Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од Swisscontact во партнерство со ПРЕДА Плус.

Дваесет студенти од академијата за програмирање работеа на бизнис проекти од тековната оператива на две компании, кои во улога на ментори го надгледуваа и насочува процесот. Тимовите ги искусија временските притисоци, тимските и иднивидуалните задачи, критичните поенти од професионалното секојдневие и секако позитивниот одговор за успешните продукти и апликации.

Презентацијата на сработените проекти се оддржа на 23.12.2015 во просториите на СЕДЦ бизнис симулаторот во форма на S2B настан (students to business).

По настанот ќе следат процеси поврзани со потенцијално вработување на студентите или поттикнување за основање на сопствени компании.

Во Бизнис симулаторот, како што е предвидено од 2016та, ќе се лоцира нова група на студенти кои ќе работат на нов цисклус симулации преку нови реални проекти од менторски компании.

Моделот за професионално оспособување на студентите уште во раната професионална развојна фаза преку бизнис симулации е познат неодамна во светски рамки. Во Македонија за прв пат е применет од Едукативниот и развоен центар на Seavus, од каде пак најавуваат негова надградба во текот на следната година.

Претходна статијаРецензија: Windows 10 на таблет компјутер – Вистинско освежување во сегментот
Следна статијаЕден уметник ги „вади“ телефоните од фотографиите за да ја покаже зависноста од нив