Фото од Kon Karampelas преку Unsplash

Кинеските власти веќе најавија дека нема да седат и да ја гледаат „кражбата“ на кинеската компанија, односно TikTok сервисот. Тие истакнаа дека имаат повеќе начини на кои може да реагираат, па ете го и првиот.

Кинеското Министерство за трговија воведе забрана за извоз на технологија кратко кажано, поточно на технологија која овозможува препорака на содржина врз основа на анализа на податоци. Со други зборови, се забранува извозот на алгоритам на којшто во денешно време функционираат повеќето сервиси.

Ваква технологија секако користи познатиот TikTok сервис, а како и сите друштвени мрежи, таа се користи за препорака на видео содржина, во овој случај, на корисниците на апликацијата.

Оваа одлука од кинеските власти има направено проблем во преговорите на ByteDance, сопственикот од Кина на TikTok, со американските компании, поради тоа што алгоритамот секако и важен и клучен дел од апликацијата.

Информациите за ова се неофицијални и ги објавува The Wall Street Journal, а исто така се истакнува дека од компанијата веќе ја разгледува можноста за продажба, односно како оваа одлука ќе влијае на истата.

Доколку TikTok не биде продаден на американска компанија, сервисот најверојатно ќе биде блокиран да се користи во САД, нешто што претседателот Трамп веќе неколку пати го најавува.

Со овие информации, а со оглед и на тоа што помина вторникот, не се остварија најавите дека продажбата на TikTok може да биде конечно објавена тој ден.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаФИТР: Продолжува напредокот на Македонија на листата на Глобалниот иновациски индекс
Следна статијаАСОМ: Онлајн обложувањето на странски сајтови е противзаконско – обложувањето на домашни сајтови е безбедно и гарантира сигурна исплата на премии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.