scale1400x5000x0x00405webapp-14ftar27864763-0

Имајќи предвид колку пари и време големите компании вложуваат во нивните кампуси, од Apple не може да се очекува ништо помалку од најдоброто.

Фотографии од новиот кампус што треба да има многу футуристички изглед беа објавени од страна на California Sunday Magazine. Фотографирани се од страна на Michael Light, направени со беспилотно летало и тие го покажуваат проектот во повеќе детали.

Имено новиот кампус што се гради, на адреса Infinite Loop 1 (адресата патем си ја има доделено Apple бидејќи улиците се под нивна сопственос во таа област), има форма на прстен и според првиот 3д рендер кој беше објавен од страна на Apple сите ги потсети на летечка чинија. Затоа сега го нарекуваат Spaceship Design насекаде низ интернетот.

scale1400x5000x0x00405mmaeri-1427941252-34

Кампусот ќе има површина од 260 000 метри квадратни, што треба да има повеќе од доволно место за 13.000 вработени во Apple. Бидејќи ѕидовите ќе бидат направени од стакло, вработените ќе можат да погледнат на било која страна и да уживаат во зеленилото кое ќе ја опкружива оваа огромна структура.

scale1400x5000x0x00405webapp-1427864855-42

Дополнително, кампусот има за цел да биде самостоен и да се издржува себеси, односно целата електрична енергија да се произведува таму со повееќе извори на чиста електрична енергија од обновливи извори и една електрана со ниски емисии на јаглерод диоксид. Кровот на структурата ќе бидат всушност соларни панели кои ќе бидат секундарен извор на електрична енергија.

Извор: VentureBeat, Macworld

Претходна статијаYouTube ќе претстави сервис со месечна претплата и без реклами
Следна статијаНаучници открија нов метод за производство на водород, кој е побрз, поевтин и почист