NASA најави дека после 6 години повторно има мисија на Марс, а леталото за таа мисија полета од Земјата на 5 мај оваа година. Овој пат од агенцијата планираат да го пренесуваат слетувањето во живо, па сите кои ги интересира ова ќе може да го гледаат преку страната на NASA, на нивниот телевизиска канал, како и преку друштвените мрежи.

InSight леталото се очекува да слета на Марс во 21:00 часот по македонско време, во понеделник 26 ноември. Времето на преносот е во добар период, па сигурно сите заинтересирани ќе немаат проблем да го гледаат.

Инаку, InSight е летало кое ќе треба да ја проучува внатрешноста на планетата, а ова е првото летало кое ќе го прави ова истражување. Резултатите ќе придонесат значително во разбирањето на создавањето на карпестите планети, вклучувајќи ја и нашата.

На својата страна, односно видео каналите, NASA ќе започне со прес конференции и презентации неколку дена порано, па доколку ве интересира и тоа, можете да ја отворите страната уште од 21 ноември во 19:00 часот кога ќе биде одржана првата.

Преносот во живо ќе можете да го гледате преку овој линк.

ИЗВОРNASA
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаРСБСП со потсетување до возачите: На 15 ноември започнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема
Следна статијаКинеските власти користат систем за препознавање според одот и силуетата на човекот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.