vaio-toshiba-fujitsu

Најави за формирање на еден голем компјутерски производите преку спојување на VAIO, Toshiba и Fujitsu доаѓаат од Bloomberg. Оваа вест не е првата ваква најава, а ваква можност кај јапонските производители се шпекулира веќе одреден период.

Овие компании не може да се пофалат со големи продажби во време кога продажбите на класичните PC компјутери опаѓа на сметка на мобилните уреди, како и новите хибридни. Тоа значи дека пазарниот колач е значително помал во споредба од пред 10 години, па бројот на компании коишто може да опстојат станува помал.

Главните играчи на PC пазарот се HP, Dell и Lenovo, па со оглед на помалиот број на продажби, тие успеваат да го земат поголемиот дел од него, оставајќи многу помал простор за останатите компании.

Затоа спојувањето на овие три познати имиња изгледа како логичен потег. Тие ќе ги спојат нивните ресурси заштедувајќи на работите во коишто секоја од нив посебно е послабата, а искористувајќи ја предноста во деловите каде што сите се силни.

Еден вид на потврда за ваквите планови доаѓа од директорот на групацијата којашто го купи PC делот од Sony, познатиот бренд VAIO којшто продолжи да функционира независно од Sony.

Според информациите, спојувањето би било направено на тој начин што главниот удел во компанијата би го имал VAIO, а периодот кога се најавува официјализирање на плановите е наредниот месец.

Доколку се случи ваквото спојување, новата компанија директно би ја загрозила главната позиција на јапонскиот пазар којашто моментално ја држи Lenovo.

Инаку, со падот на користењето на класичните компјутери, во иднина се очекува компаниите да се концентрираат во производство на компјутери за бизнис корисниците, како и хибридни уреди кои се покажаа како популарни со нивната можност да се користат како лаптоп или таблет компјутер.

Извор: Bloomberg, The Verge, Engadget

Претходна статијаСоздаден е полимер кој ја враќа еластичноста со зголемување на температурата
Следна статијаКинескиот Meizu ќе претстави нов Ubuntu телефон на MWC 2016
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.