Screen Shot 2015-02-09 at 19.44.00

MWC – Mobile World Congress се одржува секоја година во Барселона во периодот околу Март. Оваа година настанот ќе се одржува од 2 – 5-ти Март, а на него обично се претставуваат голем број на мобилни уреди, како и технологии поврзани со мобилната технологија.

Повеќето поголеми производители на мобилни уреди веќе ги најавија своите настани во рамките на MWC 2015. Samsung и HTC ќе ги одржат нивните настани на 1-во Март на кои што се очекува претставување на нивните нови модели од највисоката класа.

Од вчера и Microsoft почна да испраќа покани за свој настан кој што ќе го одржи на 2-ри Март во 8:30 часот наутро. Од поканата не може многу да се претпостави што ќе биде претставено, а за разлика од другите производители, од Microsoft не се очекува претставување на нов телефон од високата класа.

Microsoft во последно време претставува телефони од ниската класа, кои што треба да влијаат на пазарното учество на компанијата. Модел од високата класа се очекува да биде претставен после официјалното излегување на Windows 10, што значи тоа би било најрано ова лето, а најверојатно оваа есен.

Извор: Windows Central

Претходна статијаМенаџмент-моделот на Valve: анархизам (nope, it’s not chaos and violence)
Следна статијаSamsung паметните телевизори го снимаат секој ваш разговор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.