Можеби оваа соработка изгледа малку чудна на прв поглед, меѓутоа се работи за здржување со цел подобра пазарна позиција во која одлично се држи Amazon, барем кога е во прашање САД и уште неколку други западни земји.

Договорот помеѓу двете компании во главно вклучува користење на технологиите кои ги развиваа Microsoft од страна на Walmart, како и користење на Microsoft Azure, најверојатно најголемиот конкурент на Amazon AWS.

Добивката од овој договор е што Microsoft добива огромен клиент којшто ќе ги користи неговите сервиси, наместо на конкурентот Amazon, а тука во главно се мисли на Azure.

Walmart како еден од најголемите малопродажни ланци во САД е во директна конкуренција со Amazon на тој пазар, па компанија како Microsoft може да им овозможи технологија со која подобро ќе конкурираат на пазарот овозможувајќи нови и повеќе модерни услуги.

Една од технологиите која ќе се користи најмногу за конкурирање на едни со други е препознавањето на производите кои се купуваат од страна на вештачка интелигенција. Ова може да се каже е иднината на малопродажбата каде се помалку ќе има потреба од луѓе како продажен кадар, а продажбата ќе се прави автоматски, кога истата не е доставена во домот на корисникот.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаВистинска приказна за животот на сопругите на првите Американци во вселената
Следна статијаAdobe планира да претстави целосна верзија од Photoshop kоја ќе работи на iPad
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.