Фото: Shutterstock.com

Наметнатите „DEI – Diversity, equity and inclusion“ политики и сектори во компаниите искуството покажа дека не донесоа ништо освен помалку способни вработени на незаслужени позиции. Со тоа директно се влијаеше врз пад на квалитетот и ефикасноста на работата, па добро е што изгледа го гледаме почетокот на крајот на оваа „филозофија“.

Microsoft, едни од најголемите поддржувачи на DEI трендот од 2020 година, изгледа го имаат целосно растурено овој сектор во компанијата и ги имаат отпуштено вработените. Покрај вработените во тој сектор, се верува дека отказ можат да очекуваат и голем дел од вработените кои влегле во компанијата на сметка на политиките од ваквите сектори.

Информацијата за ова доаѓа од поранешниот главен на DEI секторот во Microsoft кој очекувано има големи критики за компанијата. Тој истакнувајќи ги големите предности од ваквите сектори, ја обвини компанијата за „проверено и докажано дискриминирање, вознемирување и токсичност“.

Ова се термини кои се доста исполитизирани и злоупотребени изминатите години.

Според поранешниот вработен, оваа промена на е специфична само за Microsoft, па тој очекува дека и во многу други компании DEI политиките нема веќе да бидат критични за бизнисот.

Уште со оваа изјава се гледа нивото до кое е стигнато со промената на вредностите во светот, па наместо способноста и развојот на производите, во преден план се имаат ставано DEI вредностите.

Во компаниите како Microsoft можеби и не може толку очигледно да се види направената штета, но вработувањето врз било која друга основа освен способноста многу добро се гледа во авионската индустрија, на пример, во САД.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2IGN
Претходна статијаSamsung ја објави химната на брендот Galaxy „Open Always Wins“ со TOMORROW X TOGETHER
Следна статијаВендинг машини за селектирање отпад за првпат во Охрид и Струга
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.