Иако Windows 10 има огромен број на корисници и е оперативниот систем број 1 во светот на десктоп компјутерите, сепак по неуспехот на неговата мобилна верзија и се поголемата употреба на мобилните, сигурно се поставува прашањето која е иднината на овој систем и како Microsoft се поставува спрема него.

Иднината на Windows 10 ќе биде директно поврзана со Surface уредите кои ги развиваат од компанијата, односно тимовите на овие два сектори во компанијата ќе се спојат во еден. Овој еден сектор ќе го води досегашниот лидер на Surface тимот, Панос Панај.

Оваа одлука на Microsoft е доста логична. Со оглед на тоа што Windows 10 сега останува оперативен систем кој во главно ќе се користи кај десктоп компјутерите, еден тим да работи на развојот на оперативниот и уредите, донесува доста предности.

Досегашниот лидер на Windows тимот, Џои Белфиоре, ќе биде префрлен во тимот кој работи на Office, а тој исто така ќе продолжи да биде дел од тимот кој ги развива мобилните апликации од компанијата.

Панос Панак со ова сепак не станува дел од повисокото водство на компанијата, односно новиот тим останува под секторот Experiences and Devices кој има свој директор.

Дали оваа промена ќе направи некаква разлика во развојот на Windows 10, останува да видиме. Surface тимот досега се покажа одлично, а овие уреди кои на почетокот само требаше да бидат еден вид на насока за другите производители, прераснаа во голем дел од бизнисот на Microsoft.

Windows 10 иако прилично добро се развива, постојат уште делови каде фали одредена унификација и побрзо воведување на започнати функции. Еден дел кој може да се издвои, а е прилично очигледен, е корисничкиот интерфејс и целосно воведување на Fluent дизајнот, кој моментално е само во делови.  

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЈавните претпријатија трошат наши пари и затоа е важно да ги управуваат најдобрите
Следна статија„Паметна долна облека“ – идеален подарок за Денот на вљубените за парови зависни од технологија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.