Meta повторно се казнети со прилично голема сума во Европската Унија, поточно од Ирската Комисија за Заштита на Податоците. Според оваа комисија, компанијата ги нема почитувано правилата од GDPR законот во однос на менаџирањето на Instagram сметките на малолетните корисници.

Истрагата која имаше рок да заврши до крајот на оваа недела, е започната пред 2 години. Истата има заклучено дека на малолетните корисници им било дозволувано да креираат бизнис профил на Instagram, а исто така на некои малолетни корисници при креирање на профил, тој бил јавен.

Корисниците некогаш се одлучуваат за бизнис профили поради поголемиот број на информации кои се достапни од аспект на статистики на објавите и слично. Овие профили стандардно се јавни, нешто што е проблем кога се во прашање малолетните корисници.

Ова доаѓа до израз и за вториот дел од проблемот, па некои корисници при креирањето на нивниот профил, тој автоматски бил наместен да биде јавен, иако се работи за малолетен корисник.

Казната која им е изречена на Meta изнесува 405 милиони долари, што можеби не делува како многу кога ќе се земат во предвид приходите на компанијата, но сепак се работи за доста висока казна.

Од Meta истакнуваат дека ќе поднесат жалба на одлуката на комисијата. Тие уште минатата година почнаа со воведување на нови правила за малолетните корисници, а посебно во делот за автоматско вклучување на приватен профил при негово креирање.

Од компанијата тестираат и дополнителни мерки за заштита на малолетните корисници кои вклучуваат и ограничување на можноста за комуникација од страна на постарите корисници на мрежата.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаHuawei ја претстави својата најмоќна серија паметни телефони Mate 50
Следна статијаЗапочнаа уписите за Телеком талент програмата на Сеавус
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.