????????????????????????????????????

Инвестирај во својата иднина

Во текот на вчерашниот ден во склоп на фабриката АрцелорМиттал Скопје, за прв пат се оддржа “Отворен Ден”, на кој сите заинтересирани студенти од 3та и 4та година од ФЕИТ, Машински и Техничко Метакуршкиот Факултет, имаа можност да се запознат со програмата и условите на летната школа – “Инвестирај во својата иднина”.

Целта на оваа летна школа е да им понуди можност за практична работа на дел од студентите, преку која ангажираните во одреден период ќе бидат дел од АрцелорМиттал Скопје, а истовремено истите ќе имаат можност и за вработување во компанијата.

Настанот го отвори Г-дин Јуан Педро Јименез Наваро, главниот извршен директор во Арцелор Миттал Скопје, а презентацијата ја спроведе Г-ѓа Марија Попова Мајсторова, директор на сектор за човечки ресурси и правни работи.

По презентацијата, студентите имаа можност и одблиску да се запознаат со работата на компанијата, преку прошетка во погонот.

Програмата запонува на 10-ти Јуни и истата ќе трае до крајот на летото.

Претходна статијаHuawei P8 Lite има ниска цена и привлечен дизајн
Следна статијаCharlston East – Новиот планиран кампус на Google