google-firefox

Повеќе години главниот финансиер на Mozilla беше Google, кој што беше на високото прво место според инвестираните средства. Соработката помеѓу двете компании подразбираше поставување на Google како главниот (default) пребарувач во Firefox. Инаку главниот пребарувач ги прикажува резултатите од пребарување преку лентата за адреси, лентата за пребарување, како и почетната страна која што има своја посебна лента за пребарување.

Меѓутоа, оваа соработка заврши минатиот Ноември кога Mozilla реши да го земени Google со Yahoo. Новата соработка го стави Yahoo како главен пребарувач во Firefox на местото на Google, но само за американските корисници. За некои земји како Русија, Google исто така беше заменет со Yandex Search, во Кина Baidu и слично.

Се разбира, главниот пребарувач може лесно да бидат променет преку сетинзите на Firefox, меѓутоа многу луѓе сигурно нема доволно да им биде тоа важно за да го направат. Според некои статистики, Yahoo веќе има раст од 1,6%, истиот процент за кој што Google има пад на пребарувањата.

Google почна да ги потсетува корисниците на Firefox од САД дека можат да го променат својот пребарувач. Тие, доколку отидат на google.com ќе бидат прашани дали сакаат да го постават Google како главен пребарувач, како и home page.

Покрај ова, Google направи кратко упатство за корисниците кое што објаснува како тие да го стават Google како главен пребарувач. Колку ова ќе направи да го прекинат падот на нивниот пазарен удел, па дури и да вратат дел ќе видиме со тек на време.

Извор: Google, Cnet

Претходна статијаCM Browser – Лесен, брз и сигурен веб прелистувач за Android
Следна статијаDisplio – Виџет за вашата маса во форма на мал e-ink екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.