Угледниот магазин Forbes пишува дека израелска компанија успеала да развие метод за отклучување на сите iPhone уреди присутни на пазарот. Компанијата Cellebrite која е специјализирана во декриптирање податоци тврди дека поседува капацитет да ги „разоружа“ сите уреди на Apple. Тоа важи за уредите кои функционираат на оперативни системи од iOS5 до iOS11.

Во памфлетот преку кој компанијата ги рекламира своите услуги е објаснето дека нивната метода е единствената применлива и дека на тој начин може да се „пробие“ безбедносниот систем на речиси секој уред. Тука се подразбира пробивање низ PIN протоколот, „шема“ или било кој друг вид на лозинка, вклучувајќи и Face ID.

За Apple и нивните уреди постои мит дека се најбезбедните на пазарот. Се верува никој, вклучувајќи ги највлијателните истражни бироа како CIA, FBI и сл. не можат да имаат пристап до информации енкриптирани во уредот. Ваквите бајки се речиси сигурно измислица на маркетиншката машинерија на Apple. Секако никој не се сомнева во нивниот безбедносен систем. Меѓутоа наивно е да се верува дека CIA или друга државна безбедносна организација не знае да отклучи таков уред.

ИЗВОРThe Next Web
ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаДали Windows 10 S Mode е иднината на оперативниот систем?
Следна статија46% од луѓето пишуваат на својот смартфон додека возат