Фото: Shutterstock.com

Нешто за кое читавме неофицијално минатата година, Google сега го потврди како дел од судскиот процес кој уште трае со Министерството за правда на САД. Конкретно, од компанијата истакнуваат дека Microsoft се обиделе да го продадат нивниот Bing пребарувач на Apple во 2018 или барем пребарувачот да стане дел од заедничка компанија.

Според информациите од Google, Apple го имаат одбиено овој предлог, а како главна причина за истото се истакнуваат недоволно квалитетните резултати кои ги дава Bing во споредба со конкуренцијата, како и недоволното инвестирање во него од страна на Microsoft.

Ова од Google го користат како одбрана за нив на обвинувањата од страна на Министерството за правда дека тие имаат монопол на овој пазар на интернет пребарување.

Google аргументираат дека тие не се монопол и не влијаат на другите да го користат нивниот пребарувач, па корисниците и компаниите го бираат затоа што е едноставно најдобар.

„Во секој случај, Apple внимателно го има разгледано релативниот квалитет на Bing наспроти Google и има заклучено дека Google е супериорен стандарден избор за нивните корисници на Safari. Тоа е конкуренција“, напиша Google во поднесокот.

Од компанијата информираат и дека Microsoft се обидувале да го промовираат Bing кај Apple во 2009, 2013, 2015, 2016, 2018 и 2020 година, со цел да овој пребарувач биде главниот избор кај уредите од Apple.

Во истиот овој судски процес веќе можевме да прочитаме и за кои се сумите кои Google ги исплаќа на Apple за задржување на главната позиција кај уредите од Appe, односно кај iPhone, iPad и Mac. Наводно сумите достигнуваат висина од околу 20 милијарди долари годишно.

ИЗВОРXDA Developers
ИЗВОР 2CNBC
Претходна статијаGoogle направи мали измени кај Wear OS за подолго траење на батеријата кај паметните часовници
Следна статијаУчениците од Охрид ќе се едуцираат за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.