Како резултат на преговорите кои ги има Google со Европската Комисија, а започнати по казната за оваа компанија во висина од 5 милијарди долари минатата година, одредени промени стануваат дел од Android оперативниот систем.

Промените во главно се однесуваат за корисниците во Европа, па практиката на Google изгледа ќе остане иста во останатиот дел од светот.

Една од промените кои ги воведува Google е во лиценцирањето на Google Apps во Android. За потсетување, иако Android е со отворен код и Google не наплаќа за негово користење, производителите плаќаат лиценца за користење на апликациите од Google за Android.

Сега лиценцирањето ќе биде издвоено, односно од групата на апликации ќе бидат тргнати Chrome и Search. Со тоа производителите ќе можат да ја вклучат продавницата за апликации и другите Google апликации, но нема да мора да ги вклучат интернет прелистувачот и пребарувачот од Google, кои секако корисниците ќе можат самите да ги инсталираат подоцна.

Целта на ова е да им се даде поголема шанса на останатите, односно на конкурентите кои наводно немаат шанса да се пробијат поради практиките на Google.

Од Google исто така истакнуваат дека на постојните и новите корисниците од Европа, ќе им биде нагласено дека имаат избор од повеќе прелистувачи и пребарувачи, па дека можат да ги инсталираат тие кои сакаат.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаTwitter „Lights out“ е нова потемна тема од апликацијата за iPhone корисниците
Следна статијаNASA успешно го заврши тестирањето на хеликоптер кој ќе лета на Марс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.