Sharp_Head_Office

Тајванската компанија Foxconn, најмногу позната на повеќето по составувањето на iPhone телефоните за Apple, веќе подолг период е во обид да ја купи познатата 104 години стара јапонска компанија Sharp.

Прво излегоа информации дека денеска после подолго време бордот на директори на Sharp ја прифатил понудата од Foxconn во вредност од 6,2 милијарди долари за купување на компанијата.

Главните елементи на договорот биле задржувањето на компанијата во Јапонија, задржувањето на нејзините бизниси по коишто е позната, како и преземањето на долгови вредни повеќе милијарди долари.

Повеќе информации за тоа што точно е договорено, како и дали горенаведените информации се точни не беа дадени.

Во меѓувреме излезе информацијата дека до потпишување на договорот сепак не дошло поради премислување од страна на Foxconn коишто дошле до нови и досега на нив необјавени информации.

Sharp воопшто размислува за продавање поради финансиските проблеми коишто ги има компанијата изминатите години. Тие лани имаа загуба поради којашто почнале да бараат решенија во форма на продавање на компанијата или дозволување за инвестирање во неа.

Покрај Foxconn во игра за инвестирање во Sharp била и јапонската Innovation Network Corp. of Japan за којашто исто така има информации дека зад неа стоеле и од Foxconn.

Инаку Sharp е компанија којашто постои од 1912 година, а им е позната на корисниците најмногу по производството на телевизори, екрани, мобилни телефони и слични електронски уреди.

Извор: WSJ, MacRumors

Претходна статијаДигитална приватност – философија
Следна статијаМалку познатата Skype Qik апликација престанува со работа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.