Shutterstock.com

Односите помеѓу САД и Кина полека си го прават своето, па изгледа полека Кина веќе нема да биде „светската фабрика“, како што ја нарече директорот на Foxconn. Оваа компанија, како и уште неколку други, планираат да инвестираат во нови фабрики во Мексико од каде би продолжиле со поголемо производство на електронска опрема, објавуваат од Reuters кои имаат разговарано со лица кои се запознаени со плановите.

Foxconn веќе има фабрики во Мексико, но наводно се планира изградба на нова каде би било префрлено производството на смартфони, од кои најпознати се тие од Apple.

Причината поради која од Foxconn, а и другите, размислуваат за намалување на производството од Кина е „војната“ која се води помеѓу САД и оваа земја, што резултира со најава за воведување на тарифи, односно даноци за увоз/извод, а не ретко слушаме и за забрана за работа со одредени кинески компании.

Мексико, иако има одредени проблеми, сепак се смета за подобар избор. САД потпишаа договор со оваа земја за соработка без тарифи, а има информации и дека администрацијата на земјата ја преферира соработката со земјите од тој дел од светот.

Локацијата и близината до САД е исто така голема предност на Мексико, нешто што би направило голема разлика во транспортот, а се истакнуваат и временските зони.

Foxconn, која е компанија од Тајван, веќе најавуваше дека планира префрлување на голем дел од производството во Индија, кога и директорот на компанијата истакна дека Кина веќе не е светска фабрика. Овие планови изгледа не поминале како што треба, но и за плановите за Мексико се истакнува дека не се сигурни.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаФИТР анализа: Домашните компании подготвени за инвестиции за излез од кризата
Следна статијаМакпетрол: Совети за безбедно патување во време на корона кризата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.