Фото: Shutterstock.com

После најавата во 2020, како и пуштањето на нов дел во App Store каде може да се гледаат информации поврзани со приватноста, Apple ја пушти својата App Tracking Transparency функција. Уште пред официјалното пуштање Facebook водеше кампања против, па се знаеше дека голем дел од нивниот бизнис ќе биде погоден.

Во основа, ATT функцијата им дава избор на корисниците да за секоја апликација посебно или за сите заедно, изберат да не им се дозволи да ја следат нивната активност на другите апликации. Секоја апликација може да има пристап до активностите на корисникот на другите апликации, како и до страните кои ги отвора, па ATT овозможи да се прекине оваа практика.

Веќе читавме за големото влијание кое оваа функција го има на заработката на Facebook, а сега од самата компанија доаѓаат предвидувања дека оваа година приходите ќе бидат намалени за 10 милијарди долари, а како директна причина се истакнува ATT функцијата.

Оваа информација доаѓа за време на презентирањето на финансиските резултати од страна на компанијата, која минатата година имала приходи од 33.67 милијарди долари, а за оваа година очекуваат дека бројката ќе биде од 27 до 29 милијарди долари.

Подоцна Apple пушти уште една функција поврзана со приватноста на корисниците, која овозможува да се видат активностите на инсталираните апликации, односно да се добие подобра слика за кои сензори ги користат апликациите, со кои сервери комуницираат и слично. Тука можете да прочитате повеќе за „Како да видите „што прават“ апликациите на вашиот iPhone“.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаNetflix овозможи тргање на содржина од листата на гледање
Следна статијаYouTube апликацијата на мобилните ќе добие мали подобрувања на корисничкиот интерфејс
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.