Shutterstock.com

Facebook објави дека како компанија, на глобално ниво ја имаат постигнато нивната цел да енергијата која ја користат е целосно од обновливи извори. Оваа цел е постигната за само неколку години од најавата, а енергијата која се користи од страна на Facebook доаѓа од сончеви панели и ветерници.

Од Facebook после овој успех, си поставуваат за цел да до 2030 година биде постигната истата нулта емисија на гасови и кај нивните добавувачи, за бизнис патувањата, како и за патувањата на нивните вработени.

Ова е доста амбициозна цел од страна на компанијата, па ќе видиме дали ќе успеат да ја исполнат.

Инаку, повеќето ИТ компании си дадоа за цел да користат енергија од обновливи извори со цел да се намали ефектот на околината и да се спречи зголемувањето на просечните температури кои негативно влијаат на Земјата.

Во видеото во продолжение од Facebook објаснуваат како имаат започнато, односно како стигнуваат до остварувањето на сегашната цел.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаНадградената Timelaps функција на Google Earth овозможува поглед на било кој дел од Земјата во последните 37 години
Следна статијаДоверлив партнер за успешна и безбедна дигитализација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.