facebook-l-ap

Facebook сака вработените да поминуваат помалку време возејќи до и од работа, а повеќе време работејќи или посветувајќи време на својот приватен живот. За да го поттикне тоа со нивната најнова акција тие нудат 10.000 долари за секој кој ќе се пресели во радиус од 16 км од зградата во Силиконската долина.

Во Сан Франциско состојбата на патиштата значително се влошува во секоја следна година поради доселувањето на десетици илјади работници и основачи на нови бизниси кои патуваат со своите возила од дома до работа. Ова предизвикува страшни метежи во сообраќајот, затнувајќи ги улиците. Ако порано бил потребен 1 час да се стигне до работното место сега веќе се потребни 1,5 до 2 часа.

Од таму, програмата на Facebook не е чудна. Некои работници кои имаат фамилии може да добијат 15.000 долари за средување на своето место за живеење, ако се наоѓа во близина на канцелариите. Facebook не се единствени во ова. Ваквите помагања и поттикнувања на работниците да се преселат поблиску се направени и од  Addepar, SalesforceIQ и други.

Некои цинично коментираат дека компаниите сакаат да ги имаат своите работници поблиску за да поминуваат повеќе време работејќи, но поблиската локација во исто време значи и дека работниците ќе имаат и повеќе време да посветат на своите приватни работи, што секогаш е позитивно. Проблемот со ваквото преселување е дека ги форсира многу од помалку имотните семејства да се преселуваат на други места, а воедно сопствениците на станови и куќи ги дигаат цените за изнајмување и купување на имотот поради поголемата побарувачка.

Извор: VentureBeat

Претходна статијаСмартпортал неделник 14 – 20 декември 2015
Следна статијаПрви информации за Galaxy A9 – Огромен 6 инчен дисплеј и масивна батерија од 4.000 mAh