WiFiandBluetoothLogo

Откако Apple го претстави последниот update на нивниот софтвер не стивнуваат реакциите во јавноста. Проблемот е во тоа што добар дел од реакциите се негативни. Најчестиот аргумент е поврзан со „непослушноста“ на WiFi и Bluetooth поврзувањето.

Овој пат Apple се најде на мета на групата за дигитални права, Electronic Frontier Foundation(EFF). Нивниот став е дека неможноста да се исклучи поврзувањето на уредот преку WiFi и Bluetooth е погрешна и несоодветна.

Групата побара од Apple да се ангажира на ова поле и да понуди поголема транспарентност по ова прашање. Како што е познато, новиот iOS 11 ја нуди можноста за исклучување на споменатиот вид на мрежи. Меѓутоа практично, само привремено го дисконектира уредот.

Од EFF сметаат дека компанијата ги изложува на ризик своите корисници, на начин што ги приморува да бидат поврзани на низа сервиси. Постојаното поврзување им остава простор на евентуалните натрапници да ги злоупотребат податоците на корисникот. Според ставот на EFF, оваа ситуација е практично изигрување на одлуката на корисникот опцијата да биде вклучена или исклучена.

Технички, ова е минорен проблем за Apple. Па, во насока на подобра комуникација со корисниците и задоволување на барањата, може да се очекува измена во некој од наредните надополнувања на софтверот.

Извор: BetaNews, EFF

Претходна статијаBlue Origin ќе испрати „туристи“ во вселената за 18 месеци
Следна статијаOnAir платформа за учење објавува 4 конкурси за онлајн курсеви во живо