Автомобилскиот гигант Ford Motor Co и светски познатиот ланец пицерии Domino’s Pizza Inc. ќе започнат заеднички тестови за испорака на производи на компанијата Domino’s со само-управувани Ford возила. Тестирањето ќе се спроведува во текот на овој месец на територијата на американската држава Мичиген.

Ова нема да биде прв пат Domino’s да експериментира со начинот на испорака на своите прозиводи. Имено, австралиската подружница на овој угостителски бренд претходно спроведуваше тест достави со помош на дрон и самоуправуван робот на територијата на Нов Зеланд.

Од друга страна пак, Ford во неколку наврати ги најавува своите амбиции за развој на возила со самостојно управување. Нивните проекции велат дека до 2021-ва година, Ford ќе ја пушти во комерцијална употреба првата флота на возила наменети за превоз на повеќе патници.

Што се однесува до актуелниот тест, двете компании ќе доставуваат производи на муштерии од регионот на Ен Арбор, Мичиген, по случаен избор. Доставата ќе ја врши Ford Fusion Hybrid опремен со технологија за самостојно управување. Муштериите ќе имаат прилика во живо да ја следат доставата на својата порачка преку GPS, а инструкции за превземање на истата ќе добијат преку СМС.

Мислењата се поделени иако ова ќе претставува револуција во начинот на достава. Сепак, критичарите ќе речат дека според гаранцијата на франшизата на Dominos’s производите треба да бидат доставени по принципот „Од врата-до врата“. Логичен заклучок е дека волкав исчекор во начинот на достава е доволно голем за да ги засени последните 10тина метри од испораката.

Извори: VB, USA Today

Претходна статијаГолем пресврт во серијата Моќ на продуцентот 50 Сент
Следна статијаXiaomi Mi Mix 2 ќе биде импресивен смартфон со најмала рамка околу дисплејот