Converted_file_71283c1d

Apple кога создава не се шегува. Дали се работи за телефони, таблети, компјутери, глувци… се` мора да биде под конец, да изгледа феноменално и да функционира беспрекорно. Истото можеме да го кажеме и за нивниот нов кампус кој го градат во Купертино, Калифорнија, за кој веќе пишувавме.

Градбата продолжува и веќе се наѕираат одредени форми и структури кои во иднина ќе претставуваат функционални делови на ова огромно здание. Како што можете да видите на снимката, се познаваат гаражите за возила, Apple „планината“, подземниот аудиториум, просториите за истражување и развој, просториите кои ќе имаат заоблени прозорци и многу други.

Леталото поминува над сите овие објекти овозможувајќи ни уникатен поглед врз костурот на кампусот, кој можеме да потврдиме дека е огромен и секако ќе има простор за илјадниците вработени во оваа компанија.

Неколку информации за новиот кампус:

  • се наоѓа во Купертино, Калифорнија;
  • се простира на површина од 260.000 квадратни метри;
  • ќе опслужува 13.000 вработени;
  • изработката треба да заврши на крајот од 2016 година;
  • на покривот од некои згради ќе има сончеви панели кои ќе прибираат енергија придонесувајќи кон енергетската ефикасност;
  • неофицијалниот назив со кој се стекна е „Вселенски брод“ поради неговата форма и надворешниот изглед;
  • ова е еден од последните проекти поднесен и осмислен (заедно со) Стив Џобс.

Извор: 9to5Mac, BGR.com

Претходна статијаMicrosoft ќе престане да го поддржува Windows 10 Mobile во 2018 година
Следна статијаSony PlayStation VR сетот е подготвен – прикажани и првите игри