По повод 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството, Црвениот крст на Република Северна Македонија, се приклучи кон глобалната кампања за промоција на крводарителството под мотото „Дарувај крв и придонеси светот да продолжи да се движи“.

Пристапот до безбедна крв за сите оние кои имаат потреба, и понатаму останува највисок императив на земјите во светот, па и кај нас. Во текот на пандемијата со Ковид-19 и покрај ограничената мобилност и другите предизвици кои таа ги донесе со себе, дарителите на крв продолжија да даруваат крв и плазма за пациенти на кои им е потребна трансфузија.

Овој извонреден напор за време на пандемија, ја нагласува клучната улога на добро организираните, посветени, доброволни и неплатени дарители во процесот на снабдување со крв во тековни и вонредни околности.

Црвениот крст на РСМ заедно со Институтот за трансфузиона медицина на РСМ во знак на благодарност за досеганата соработка на ова поле на 21 јуни, 2021 година во 11:00 часот во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија организира доделување на плакети на Министерството за здравство на РСМ, каде плакета ќе ја подигне министерот за Венко Филипче, Министерството  за внатрешни работи на РСМ, плакета ќе ја подигне министерот Оливер Спасовски,  Министерството за одбрана на РСМ, плакета ќе ја подигне министерот Радмила Шекеринска Јанковска.

Плакетите ќе бидат врачени од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ Саит Саити.

Претходна статијаChina Mobile Hebei и Huawei ја претставија 5G сеприсутната Гигабит мрежа во затворен простор
Следна статијаСимнете ги новите позадини од Windows 11