Фото од geralt на Pixabay

Повторно може слободно да се каже дека и оваа дискусија е мотивирана од ланските случувања околу Facebook. Кратко кажано, случувањата околу оваа компанија покажаа на најдиректен начин колку реално вредат и се искористуваат податоците од корисниците, па тоа во јавноста веќе не е нешто што „можеби е така“.

Сенаторката од Минесота, САД и кандидатка за претседател за изборите кои треба да се одржат во 2020, Ејми Клобучар, во интервју дава идеа да почне да се наплаќа посебен данок на компаниите кои заработуваат од податоците на своите корисници.

„Платформите како Facebook не искористуваат и ние сме нивна стока и ние не добиваме ништо од тоа. Кога тие ги продаваат нашите податоци на некој друг, па, можеби тие ќе треба да ни кажат за тоа за да можеме да ставиме некаков данок на тоа“ – истакнува Ејми Клобучар во интервју за ко-основачот на познатиот портал Recode, Кара Свишер.

Верувам дека ова е нешто што не би поминало така лесно. Заработката која што комапниите како Facebook ја прават на „сметка“ на своите корисници веќе се оданочува според остварената добивка. Тоа значи дека тие пари не се неоданочени, но ја разбирам целта на сенаторката која сака подиректно да го истакне и наплати „злоупотребувањето“ на податоците на корисниците.

Дека приватноста и огромниот број на податоци кои ваквите комапнии го имаат за своите корисници веќе станува доволно проблем, можеше да се види и од објавата на Марк Закерберг за иднината на Facebook.

Тој својата замисла за иднината ја опишува преку повеќе точки, а главниот заклучок на сите нив е шифрирањето на комуникацијата и чувањето на податоците во многу пократок период. Дали ова е нешто што реално ќе се оствари, ќе видиме во годините што следат.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаInTech Meetup #6 на 9 април во Public Room
Следна статијаGVG глобалниот снабдувач на ИТ решенија за влади и регулаторни тела отвори своја канцеларија во Мадрид, Шпанија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.