Трендот на големите компании да се префрлат на „зелена“ енергија продолжува. По примерот на големите пред се технолошки компании, следен на листата е Budweiser. Инаку Budweiser е најголемиот производител на пиво во светот. Нивната цел е до 2025 година нивното напојување да биде целосно од обновливи извори. Инаку Budweiser моментално е дел од мулти – националната корпорација Anheuser – Busch InBev. Нивната традиција датира од 1876 година, или повеќе од 140 години откако за прв пат се појавува во Соединетите Американски Држави.

Планот на оваа компанија е од 15 до 25 проценти од електричната енергија да ја добива од сопствени соларни панели, додека пак останатите од 75 до 85 проценти да ги добива од фарми со соларни панели и фарми со турбини на ветер. Сето ова е доволно за оваа компанија да стане најголем производител на обновлива енергија од областа на компаниите со производи за широка потрошувачка.

Ова префрлување на Budweiser на обновливи извори на енергија би значело намалување на загадувањето исто како 500.000 возила да се тргнат од патиштата во овој момент. Според Carlos Brito, извршен директор на Anheuser – Busch InBev, глобалните климатски промени се еден од клучните фактори за менувањето на политиката во врска со добивање на електрична енергија. Според него откажувањето од фосилните горива е добро за околината, но и за бизнисот истовремено. Неговата компанија е благодарна што има шанса со своите одлуки и политики да се бори против глобалните климатски промени, загадувањето на воздухот, итн.

Извор: VinePair

Претходна статијаSamsung ги претстави Galaxy S8 и S8+, најнапредните Android смартфони досега
Следна статијаОд Google Docs директно на вашиот WordPress веб-сајт