Вториот Дигитален самит за Западен Балкан започна вчера, 4 Април во Белград, Србија, на кој учествуваат владини претставници од Западен Балкан, регионални организации, претставници од ИТ-индустрии и бизниси, академици и млади, со цел да се реализираат видливи резултати кога станува збор за дигитална платформа за размена на идеи и предлози. Како дел од ИТ експертите од Македонија на самитот ќе се претстави и Брансис, компанија која развива IoT решенија за менаџирање возен парк.

На 4-ти и 5-ти април, во Белград, на вториот Дигитален самит за Западен Балкан предвидени се панел дискусии за интегрирање на економиите на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар; подобрување на сајбер безбедноста; подобрување на дигиталните вештини; дигитализација на индустријата и интерактивни дискусии помеѓу владите, академиците, претпријатијата, иноваторите, граѓанските организации, младинските организации итн.

Исто така, важен дел од Самитот, е и Дигиталното EXPO, каде 47 компании во дигиталната индустрија од регионот и пошироко, ќе можат да ги презентираат своите иновативни производи и услуги, но исто така да се запознаат и да се поврзат со потенцијалните партнери од регионот.

Меѓу нив е и Брансис, како национален претставник, кој ги претставува своите IoT решенија за менаџирање на возен парк. Иновативноста на нивниот систем опфаќа повеќе сегменти, од кои како најважен би го издвоиле системот кој е направен да се поврзе со голем број дополнителни сензори и да им овозможи преглед на податоци на компаниите од типот на: карго, отворени/затворени врати на возила, температура, гориво, притисок на гуми, сообраќајна култура на возачи, безбедност на патот и сл.

Дознајте повеќе за Брансис IoT решенијата и за тоа што ги издвојува од останатите компании за GPS следење и менаџирање на возен парк на www.bransys.com.

Претходна статијаVIVAX продолжува со чекорите за општествена одговорност како компанија која е голем дел од пазарот
Следна статијаКомпанија од Швајцарија најавува батерија со 4 пати поголема густина