Фото: Blue Origin
Фото: Blue Origin

Компанијата Blue Origin ја извести јавноста дека првото туристичко лансирање на луѓе во вселената ќе се случи во наредните 18 месеци. Првиот човек на компанијата, Боб Смит, потенцираше дека луѓето кои ќе бидат лансирани ќе бидат обични граѓани, а не астронаути.

Претходно од Blue Origin најавуваа тест возења во текот на 2017-та кои би ги извеле пилоти и инженери, а туристичките летови ги очекуваа во 2018. Ова ќе ја стави компанијата на агендата веднаш зад SpaceX на Елон Маск и Virgin Galactic на Ричард Бренсон.

Водечките компании целат кон испраќање на луѓе во вселената во последниот квартал од 2018-та. Според она што е познато, Маск би испратил двајца туристи на обиколка околу месечината. Бренсон пак, сака да овозможи 4 минути безтежинска состојба по цена од 250.000 долари.

Услугите на Blue Origin се очекува да бидат за нијанса поевтини од конкуренцијата. Меѓутоа од компанијата сѐ уште не ја откриваат точната цена. Главната цел, на долг рок е да се овозможат евтини и чести туристички патувања во вселената. Со парите заработени од овој проект, компанијата ќе финансира низа други помали проекти како што се испраќање на вештачки сателит во орбита околу планетата и сл.

Извори: IBTimes, CNN

Претходна статијаAndroid производителите ќе го следат Apple со Face ID
Следна статијаEFF го прозва Apple поради контроверзните подесувања