webdevelopment

Го употребувате секој ден за трансакции на пари, за истражување, за пазарење и социјални медиуми, но, дали знаете како работи? Во овој курс, ќе ве запознаеме со технологијата која стои зад вебот, терминологијата и начинот на кој сите работи се вклопуваат за да овозможат веб сајтовите да работат.

Курсот дава краток преглед на вклучените технологии (HTML, CSS, URL, DNS, HTTP, и  IPv6), и ја објаснува разликата помеѓу front-end (она што го гледаме) и back-end (она што не може да го видиме) на вебот, а сето тоа во водич низ светот на домените, серверите, базите со податоци и технологиите на “едноставен македонски јазик”.

Курсот е направен од страна на новата Еверест Веб Академија на кој што можете да најдете повеќе курсеви за кои што и почесто ќе пишуваме. Овој курс, односно Вовед во веб технологии е целосно бесплатен, а повеќе информации, како и пријавување можете да направите преку следниот линк.

Everest_logo_normal

Еверест е академија во облак за веб дизајн и програмирање која функционира според методологијата менторирано учење на далечина. Блогот на академијата е место каде што можете да прочитате инспиративни текстови, да научите корисни работи и да бидете во тек со случувањата во оваа област.

 

Претходна статијаВандализирани канцелариите на Facebook во Хамбург, Германија
Следна статијаТехнологијата на Microsoft за препознавање на фотографии е подобра од онаа на Google, Intel, Qualcomm и Tencent
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.