Минатата година излезе во јавноста информација, која потоа Apple ја потврди, а тоа е дека iPhone софтверски е забавуван после одреден период. Објаснувањето за оваа практика беше стареењето на батеријата, па со ограничувањето на ресурсите се овозможува нејзино нормално функционирање и времетраење, како и намалување на шансите за непланирано исклучување на уредот.

Се разбира, за ова корисниците не биле информирани, не знаеле дека нивниот нешто постар iPhone се’ уште е доволно силен и брз, а се што треба е да ја заменат батеријата со нова.

Поради тоа корисниците обично се имаат решавано да купат понова верзија од iPhone.

Од Apple по „признавањето” на нивната практика почнаа да даваат попуст за батериите, а исто така воведоа и можност корисниците да го исклучат забавувањето на уредот кога батеријата е веќе постара, а не е променета.

Според најавата за најновиот извештај од компанијата, ова има влијаено во намалување на продажбите на iPhone, а поради тоа се очекува и значително намалување на приходите од компанијата.

Се разбира, причини за намалување на приходите се и други кои Тим Кук посебно ги објаснува, но делот за поретко купување на нов iPhone поради можноста да се замени батеријата и тоа за пониска цена, е нешто што привлекува поголемо внимание.

Корисниците логично, својот една година стар телефон, нема да го заменат со нов, туку ќе му ја променат батеријата за 29 долари, а Apple останува со нешто помал процент на продадени уреди.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаHuawei го претстави новиот HUAWEI P smart 2019, кој нуди целодневна батерија, поголем екран и AI Dual камера
Следна статијаVolvo ќе нуди можност за поставување на камера свртена кон возачот во своите автомобили
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.