Durak-game-GP

Познатата чешка компанија Avast извести дека по пријава од член на нивниот форум има откриено 3 Android апликации кои што претставуваат adware. Се работи за апликациите Durak, IQ Test и апликација за руската историја. Овие апликации се веќе тргнати од продавницата од страна на Google, меѓутоа не пред да бидат симнати повеќе милиони пати.

Durak е апликацијата која што е симната од најголем број на корисници, односно според статистиките на Play Store, таа е симната помеѓу 5 и 10 милиони пати. Се работи за игра која што после одреден период прикажува реклами во центарот за нотификации на Android. Рекламите водат до одредени продавници за апликации, апликации во Play Store, како и до одредени апликации за детектирање на малициозен софтвер.

Она што е интересно кај откриените апликации е начинот на криење на рекламите и нивно прикажување после одреден период. Тие се така направени да рекламите се прикажуваат после неколку дена од рестартирање на уредот. Тоа прави да помине доста време од нивното инсталирање, па корисниците тешко дека ќе можат да бидат сигурни која е апликацијата после која што се јавува проблемот.

Рекламите кои што се појавуваат во центарот за нотификации во главно се оние стандардните кои што се појавуваат на компјутерите кога се заразени од некаков малициозен софтвер. Тие го информираат корисникот дека нешто не е во ред со неговиот уред и му препорачуваат да симне одредена апликација за да може да го реши. Се разбира, проблемот на постои, па инсталирањето на другите апликации само може да придонесе за негово зголемување.

Извор: Avast, ZDNet

Претходна статијаНовите процесори на ARM ќе имаат PC графика и ќе ја почнат 4K ерата кај смартфоните
Следна статијаНовиот “Eero” рутер ветува дека веќе нема да имате проблем со слабата Wi-Fi мрежа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.