Компанијата Apple на својот YouTube канал објави серија куси рекламни видеа. Истите немаше да привлечат особено внимание доколку не беа насочени кон делот од публиката која користи Android уреди. Имено, рекламите целат да привлечат корисници на Android да прејдат во таборот на Apple.

Серијата видеа започнува со видеото насловено „Ease“ (леснотија). Видеото прикажува колку е едноставно да се префрлат податоци од било кој Android уред на iPhone со помош на апликацијата Move to iOS. Второто видео е насочено кон безбедноста. На интересен начин се илустрира безбедносниот систем на iOS во споредба со конкурентските.

Серијалот го заокружуваат уште две куси видеа насловени „Environment“ и „Apple Support“. Првото ја промовира посветеноста на компанијата кон зачувување на околината. Додека второто, логично, става акцент на корисничката грижа која ја нуди Apple.

Видеата го пренасочуваат корисникот кон веб-страна именувана Switch (во рамки на официјалниот веб-сајт) чија главна цел е промоција на производите на Apple и разубедување на корисници на другите конкурентски брендови да преминат на користење на iPhone.

Ваквиот начин на себепромоција се граничи со етичките рамки, но сепак се задржува во нив. Ова е интересен начин на просечен купувач да му се илустрираат предностите кои ги нуди уредот. Видеата прикажуваат различни аспекти и јасно ја потенцираат доминацијата на iPhone во дадените сегменти, без да го омаловажат конкурентот. Се дур се работи за факти, никој не може да им се налути на Apple што се гордеат со своите достигнувања.

ИЗВОРMac Rumors
ИЗВОР 2Apple Switch
Претходна статијаMercedes претстави футуристичките фарови резервирани за луксузните модели
Следна статијаSamsung ја најави својата нова линија QLED телевизори за оваа година на “First Look” настанот во Њујорк