Nokia е еден од најстарите и најпознатите „играчи“ на пазарот на мобилни телефони, па не е воопшто за изненадување што тие поседуваат огромен број на патенти за повеќе видови на технологии.

Nokia поседува патенти за технологија за екрани, за дизајн на антените и уште многу други технологии поврзани со мобилната технологија. Кога ќе се земе ова во предвид, повеќето компании кои денеска произведуваат паметни телефони, треба да им плаќаат за користење на некоја од технологиите, патентирани на има на компанијата.

Веќе одреден период Nokia е во спор со Apple, компанија со која имаа одлична соработка, меѓутоа поради одредени причини не била продолжена. Работата има дојдено до таму што Apple почнале да тргаат производи во сопственост на Nokia од нивните продавници.

Сепак, според информации од Nokia, односно нивните финансиски извештаи, може да се види дека двете компании дошле до договор за да се прекинат судските спорови.

Каков е договорот не знаеме, но она што може да се види е дека Apple се сложиле да исплатат огромна сума на пари, поточно скоро 2 милијарди долари. Со ова соработката помеѓу компаниите е доведена во нормала, барем таков впечаток се добива.

Извор: The Verge, TechnoBuffalo

Претходна статијаДополнителна потврда дека Apple работи на систем за препознавање на лицето на корисникот
Следна статијаAV-TEST.ORG – тест резултати за јуни 2017 за домашни корисници на Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.