apple-a7

A7 е најновата генерација од процесорите кои што Apple ги користи во нивните мобилни производи. Истиот моментално се користи во iPhone 5S, iPad Mini и iPad Air. A7 е првиот процесор во мобилните уреди од Apple направен во 64 битна архитектура. Дизајниран е од страна на Apple и работи на 1.3–1.4 GHz ARMv8-A dual-core CPU, како и интегриран графички процесор и новиот M7 процесор за движења. Покрај основните карактеристики повеќе за технологијата позади процесорите од Apple обично нема, односно тие се чуваат како деловна тајна.

Според тужба од страна на Wisconsin Alumni Research Foundation (WARF), A7 процесорот користи технологија која што преку предвидување на командите што треба да бидат дадени врз основа на претходните команди го забрзува нивното извршување. Според тужителите Apple се свесни за ова прекршување, па така покрај барањето во тужбата за плаќање на лиценца за користење на технологијата, тие бараат и одредена сума за отштета.

Wisconsin Alumni Research Foundation (WARF) е приватна и непрофитна организација која што работи со патентирање и лиценцирање за Универзитетот Wisconsin–Madison. Истата е основана во 1925 година и работи со комерцијализација на одредени откритија направени на овој универзитет. Дел од сумата која што ја добива преку лиценцирање на патентите ги враќа во универзитетот во форма на поклони за подобрување на персоналот, грантови за професорите, стипендии за студентите, опрема, објекти и истражувања.

Претходна статијаПоставувајте прашања преку слики со Jelly за Android и iOS
Следна статијаFujitsu претстави нов конвертибилен Ultrabook и најави нова GRANNOTE линија на лаптопи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.