Колку и да се обидуваат, големите компании дефинитивно не можат да ги спречат протекувањата на нови производи уште неколку месеци пред нивното лансирање. Доказ за ова е новото бизарно протекување на нов аудио фајл од брифинг во Apple, во кој се даваат насоки како да се спречи протекувањето. Дефинитивно, голема победа за публикациите кои протекуваат информации.

Проблемот кој го има Apple всушност е што производството на уредите го прават други компании и што тоа почнува неколку месеци пред да биде лансиран производот, со цел да биде достапен за продажба само неколку денови по претставувањето. На пример, во 2013 година, поради ова, биле украдени 19.000 куќишта за iPhone, но бројката се намалила на 387 во 2014 година и на само 4 во 2016 година.

Во аудио фајлот од брифингот (сумиран во текстот на The Outline на линкот подолу) се зборува дека Apple веќе има неколку истражувачи кои работат на намалување на протекувањето на информации, но и на фаќање на оние кои го направиле тоа. Имено, сите вработени во компанијата кои имаат допир со нов производ пред да биде лансиран, имаат обврзувачки договор со кој не смеат да зборуваат за тој производ во јавноста.

Сепак, самото тоа што и овој аудио фајл протече е доволен факт дека против тоа не може ниту голем производител како Apple. Во ова често имаат вмешано прсти и други играчи, како на пример добавувачите на делови, кои исто така можат да направат протекување на информации или дури и фотографии. На пример, еден од добавувачите за новиот iPhone 8 ќе биде Samsung, кој ќе ги произведува OLED дисплеите.

Извор: The Outline, MacRumors, Engadget

Претходна статијаLenovo претстави концепт за лаптоп со свитлив дисплеј
Следна статијаSamsung Galaxy Folder 2 е достапен смартфон на преклоп