Apple

Бројни корисници на iPhone мобилните телефони почнаа поднесување тужби против компанијата-производител. Ваквите реакции доаѓаат откако Apple призна дека намерно ги забавува своите постари модели на телефони.

Како што е познато, Apple излезе со соопштение во кое објасни дека намалувањето на процесирачката моќ на постарите телефони е резултат на слабеењето на батеријата. Имено, прцесирачката моќ се намалува за да ја оптимизира потрошувачката на енергија. На тој начин се продолжува генералниот животен век на уредот.

Иако ова до некаде е разумно решение, сепак не сите корисници беа задоволни со ова објаснување. Компанијата се соочува со низа тужби од корисници кои велат дека биле измамени да купат понов модел, бидејќи нивниот стар телефон станал бавен како резултат на софтверско дополнување.

Што се однесува до правната разврска, таа е доста неизвесна. Фактот дека ваквиот потег на компанијата е изведен крајно нетранспарентно е аргумент во рацете на тужителите. Признанието дојде дури откако темата стана актуелна на Reddit. Од друга страна, ниту еден суд нема да го земе како валидно објаснувањето дека корисниците биле измамени да купат нов телефон.

Извори: The Verge, Reuters

Претходна статијаKengoro и Kenshiro се првите роботи-атлети
Следна статијаSmartportal претставува: Ninja vs. Monsters