Како дел од документ кој од ARM го имаат поднесено за планираната иницијална понуда на акции, од компанијата информираат дека со Apple имаат договорено соработка која ја надминува и годината 2040.
Ова не изненадува кога ќе се земе во предвид дека ARM ги има главните, да не кажам единствените, дизајни за мобилните чипови кои се користат од сите производители.
За Apple овие дизајни се сега најважни од било кога, а од компанијата покрај кај iPhone и iPad, сега користи ARM чипови и кај нивните Mac компјутери, а нивниот M чип е одговорен за огромната популарност на MacBook овие неколку години.
Во документот се истакнува и дека како инвеститори кои ќе инвестираат вкупно 735 милиони долари при иницијалната понуда на акции ќе бидат компаниите Apple, Google, Nvidia, AMD, Samsung и TSMC.
Сите овие компании имаат голема соработка со ARM и зависат од успешното функционирање на истата.
Инаку, ARM треба да го започне процесот на понуда на нивните акции на пазарот овој месец, а одлуката дојде по неуспешното купување на компанијата од страна на Nvidia.
Сопственикот, јапонската SoftBank, го најави овој чекор како план Б доколку не успее продажбата на Nvidia, па така и испадна на крајот.
Инаку, Apple се една од компаниите кои помогнаа во основањето на ARM во деведесеттите, а компанијата доаѓа на врвот во годините што следат, а посебно по појавата на мобилните телефони.