macbook-606763_640

Европската Комисија по неколку годишна истрага, донесе одлука дека Apple ќе треба да плати до 13 милијарди евра во Ирска за даноци кои не биле платени поради направен договор со властите во земјата.

Поточно, властите во Ирска им овозможиле на Apple да плаќаат данок по повластена стапка, нешто што е незаконско во Европската Унија и земјите не смеат да го овозможуваат на приватните компании.

Додатно, се истакнува дека Apple поради ваквиот договор со Ирска, продажбите кои ги правеле, односно профитот од нив, во другите земји, ги пријавувале во оваа земја, со што платиле значително помалку данок од што треба.

Одлуката на Европската Комисија бара од компанијата да го плати данокот од почетокот на договорот со Ирска, а таа сума може да достигне и скоро 15 милијарди евра, кога ќе се пресметаат и каматите.

Договорот за повластената стапка на оданочување помеѓу Apple и Ирска почнува уште од 1991 година, а траел до минатата, односно 2015 година. Стапката по која од компанијата го плаќале данокот изнесувала 1% на почетокот, по што била дополнително намалена до 0,005%.

Од ирската влада истакнуваат дека ќе ја обжалат оваа одлука која сметаат дека не треба да биде спроведена. Од земјата исто така се плашат дека доколку поминат ваквите одлуки, тие може да ги изгубат компаниите кои работат во нивната земја поради ниските даноци.

Во посебно обраќање на Apple, објавено на нивната страна, тие истакнуваат дека одлуката на Европската Комисија не е точна и дека тие никогаш ниту барале, ниту добиле повластен однос од ирската влада.

Извор: The Guardian, Engadget

Претходна статијаiPhone 7 ќе биде претставен на 7 септември, ќе има камера со плиток фокус?
Следна статијаСамсунг го претстави европското издание на Family Hub ладилникот на саемот IFA 2016
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.