На тема Мапа на македонскиот стартап екосистем и правни аспекти ќе одржи предавање Дејан Алексов, адвокат и претседател на Стартап Македонија, денеска, понеделник со почеток од 18 часот во Јавна соба.

На предавањето учесниците бесплатно ќе имаат можност да научат за стартапи и нивни фази на развој, организации, пристап до финансии и достапни ресурси, предности и предизвици на стартап заедницата, надминување на фрагментиран екосистем и стандардизација како и за извештај од процесот на мапирање. Од правен аспект ќе дознаат за постапката за основање на компанија, права и обврски со основањето, како и за постапка за затворање на компанија.

Дејан Алексов е основач и адвокат во адвокатска канцеларија Алексов со фокус на адвокатски услуги за стартап компании, инвеститори и организации. Тој е коосновач и претседател на Стартап Македонија, чадор организација за меѓусебно поврзување на стартап екосистемот, споделување и транспарентност на информации во стартап заедницата.

Предавање е дел од проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ кој во државата се спроведува од страна Младински образовен форум (МОФ) и Институт за европска политика (ЕПИ), со поддршка од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).

Претходна статијаSpaceX ги лансира првите 60 сателити од нивниот проект за овозможување на интернет на целата планета
Следна статијаНЕПТУН лансираше своја мобилна апликација за онлајн шопинг – Симнете ја на вашиот смартфон и уживајте во купувањето