Shutterstock.com

На разочарување на корисниците кои сега имаат и добар избор кај конкурентот AMD, Intel најави дека дополнително ќе го одложи и така веќе задоцнетото пуштање на нивните 7nm чипови на пазарот. Одложувањето ги најавува овие чипови за најрано во 2022, а можно е да биде дури и 2023, додека АМD веќе има вакви чипови на пазарот кои добиваат одлични оценки.

Причината за одложувањето на овие чипови од Intel, кое требаше да се случи идната година, е објаснета со проблем во производствениот процес поради што може да се случи и да се користат надворешни леарници за производствениот процес.

Инаку, предноста која ја имаат чиповите со помал процес на производство, односно во овој случај 7 нанометри, е во тоа што тие чипови можат да соберат повеќе јадра од процесорот на истата површина од поголемите чипови, што значи се добива повеќе моќ. Потоа, овие чипови трошат и помалку енергија, а исто така и се загреваат помалку, што влијае како на векот на чипот, така и на потребата од активно ладење.

Поради најавата дека Intel го одложува пуштањето на чипови со 7nm процес, а исто така тие со 10nm за десктоп компјутерите ќе бидат дури идната година, вредноста на акцијата е падната, со што акционерите трпат загуби.

Адвокатската компанија Hagens Berman ги повикува, односно како што тие точно се изразија, ги охрабрува акционерите на Intel кои имаат поголеми загуби поради случувањата да поднесат тужба со која ќе се истражи дали можеби има намерно сокривање на информациите за проблемите во производството.

Исто така, од компанијата ги повикуваат сите кои може да имаат тајни информации да излезат со нив со што би се помогнало во разрешување на случајот и можното обвинение за измама на пазарот со хартии од вредност.

Секако, иако постои шанса да Intel не биле навремено искрени со своите акционери и јавноста, сепак очекувано е дека адвокатската компанија сака да се обиде дали ќе најде нешто од компанија која потоа би требало да исплати милиони, ако не и повеќе во оштети, па ваквите компании не ретко се предмет на обвинувања кои не секогаш се точни.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Newsfile
Претходна статијаВработените во Google ќе можат да продолжат да работат од дома до крајот на јуни идната година
Следна статијаОфицијален „трејлер“ од Samsung за нивниот настан на 5-ти август со петте уреди кои ќе бидат претставени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.