Скопје, 11.2.2022г. – А1 Македонија ја збогатува својата понуда и месецот февруари го одбележува со воведување нова, атрактивна промоција за Постпејд корисниците на мобилни услуги, со која добиваат можност да изберат нов смарт телефон и да сурфаат на најбрзата мобилна мрежа.

Со новата постпејд понуда корисниците добиваат можност за одлични попусти на одбрани телефони,  а може да ги изберат Motorola E7 Power за 0 денари, , Samsung Galaxy A03s за 99 денари месечно, Xiaomi Redmi 10 4/64 за 199 денари месечно, Honor 50 lite за 299 денари месечно, или Huawei Nova 8i за 379 денари месечно, во тарифниот модел A1 Neo M+.

Целата понуда на телефони корисниците може да ја видат на официјалната веб страница на А1 Македонија, на следниот линк.

Понудата е достапна и важи за корисници на мобилни услуги, со активација на нов или обнова на постоечки корисничкиот договор, преку сите достапни канали за продажба, со договорна обврска од 24 месеци.

Претходна статијаЈавен повик до средните училишта: Учество во натпреварувачка едукативна симулација „Имам став“
Следна статијаGoogle започна со тестирањето на Android 13 – ја претстави првата „developer preview“ верзија