zlaten-dab-app-challenge-2

(Прилеп, 14.05.2015) – Само за месец и половина, на отворениот конкурс за изработка на Златен даб апликација пристигнаа повеќе од дваесет предлози. Побарано беше специјализираната Златен даб апликација да биде наменета за паметни телефони и таблети и да најде примена во секојдневието, да се истакнува со дизајнот, достапноста, брзината како и функционалноста.

Победникот, односно креаторот на најдоброто решение ќе добие паричната награда од 1.500 евра, склучување на договор со компанијата за префрлување на авторските права, а воедно ќе следи и промовирање на истата преку повеќе маркетинг канали. Веднаш по изборот, наградената апликација ќе биде достапна за бесплатно да се симнува од Play Store маркетот.

Едно од барањата на Прилепска Пиварница за содржините и перформансите на решението е во самата апликација да се отсликува брендот Златен Даб како и вредностите за кои што се залага. За веродостојноста на изборот одговорна е жири комисијата, составена од шест члена избрани од страна на Прилепска Пиварница да ја изберат најдобрата пивска апликација.

За почетокот на изборот на најдобра Златен Даб апликација можете да прочитате на претходната статија.

 

Претходна статијаFacebook тестира поедноставно споделување на линкови преку мобилната апликација
Следна статијаPancakeBot – 3D печатач за палачинки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.