По повод настанот, Питер Риги, глобален претседател на CEED, изјави:

„Од 2007 година, CEED бизнис клубот во Македонија има организирано преку 10.000 нетворкинг настани, обуки и работилници преку кои изгради мрежа од 1.300 компании, претприемачи и бизнис менаџери. CEED го поддржува развојот на претприемништвото и преку CEED хаб за поддршка на млади претприемачи, фондација CEED Македонија, како и Клуб на бизнис ангели.

Им честитам на бизнисите членки на CEED Македонија за континуираниот раст и развој, како и за взаемната поддршка што си ја пружаат. Ќе продолжиме задно да ја градиме бизнис климата во Македонија и да се справуваме со локалните и глобални бизнис предизвици.“

CEED Македонија беше започнат како проект поддржан од USAID и прерасна во самоодржлива организација која го поддржува растот на претприемачите, малите и средни компании. Иако официјалното финансирање беше за само 3 години, CEED во Македонија обележува 15 години, односно за пет пати го продолжи ефектот и влијанието на мисијата за која беше започнат.

На настанот беше најавена 12та генерација на CEED Grow, ексклузивна програма за претприемачи во која се селектираат 25 успешни претприемачи и топ менаџери во подем. Програмата се спроведува на 18 локации на 4 континенти и веќе 12 генерации во Македонија со обучени преку 300 локални претприемачи, сегашни раководители на врвни македонски претпријатија.

8те теми на програмата вклучуваат: Подготовка на компанијата за раст и развој во период на неизвесност, Управување со човечки капитал кој е се помалку достапен и Купување и продавање на бизнис.

Програмата овозможува учење од преку 20 предавачи и ментори, претприемачи, сопственици и топ менаџери на успешни бизниси, како и менторство 1 на 1 со најдобрите македонски и регионални претприемачи.

Претходна статијаSamsung Electronics најавува нова стратегија за заштита на животната средина
Следна статијаПод мотото „E-Commerce: Accelerate“ во ноември ќе се одржи 5. годишна конференција за е-трговија – првпат во регионално издание